Враќање на пари и испорака
Важат од:
Испорака на услугата
Possa е дигитална услуга (софтвер за онлајн закажување). Нема физичка испорака. Пристапот до Possa е активен веднаш по регистрацијата. По секое плаќање претплатата се продолжува штом уплатата ќе стигне. Ако по плаќањето претплатата не е продолжена во рок од 2 работни дена, пишете ни на kontakt@possa.mk.
Бесплатен период
Во бесплатниот период не се бара картичка и не се наплаќа ништо, па нема ни поврат.
Месечна претплата
Possa е без договор и без обврска. Ако не ја платите следната претплата, таа едноставно не продолжува и нема дополнителни трошоци. За месец што веќе е платен нема поврат, а Possa работи до крајот на тој месец.
Годишна претплата
Ако побарате поврат во првите 14 дена од плаќањето, Ви го враќаме целиот износ. По 14 дена нема поврат, а Possa работи до крајот на платената година.
Грешка при наплатата
Ако е наплатено двапати, погрешен износ, или откако сте ни јавиле дека не продолжувате, Ви го враќаме целиот погрешно наплатен износ.
Прекин на услугата по наша вина
Ако Possa не работи подолго од 72 часа поради проблем на наша страна, претплатата Ви ја продолжуваме за онолку денови колку што траел прекинот. Ако тоа го побарате, наместо продолжување Ви враќаме сразмерен дел од износот.
Како се бара поврат
Пишете ни на kontakt@possa.mk со името на салонот, е-поштата на сметката и датумот на плаќањето. Одговараме во рок од 2 работни дена. Одобрениот поврат се враќа на ист начин како што е платено: на сметката од која е уплатено, или на картичката со која е платено. Средствата стигнуваат во рок од 5 до 10 работни дена, зависно од Вашата банка.
Давател на услугата
ЛИСТРАКОД ДООЕЛ Богданци · ЕМБС 7978243 · kontakt@possa.mk