Possa
Најава

Политика за приватност

Важи од:

1. Контролор

Контролор на личните податоци е операторот на Possa. За сè поврзано со приватноста пишете на kontakt@possa.mk.

Податоците ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр. 42/2020).

2. Кои податоци ги собираме

  • При закажување: име и презиме, телефонски број, е-пошта (незадолжително), забелешка до салонот (незадолжително), избраната услуга, салон и термин.
  • Ако направите профил: е-пошта за најава, име, јазик.
  • Ако вклучите известувања на уредот: техничка претплата за push-известувања, јазик и тип на прелистувач/уред (за да знаеме на што ја праќаме пораката).
  • Ако оставите рецензија или зачувате салон во омилени: оценката, коментарот и врската со вашиот профил. Рецензиите се јавно видливи на профилот на салонот, без вашата е-пошта и телефон.
  • Белешки на салонот за вас како клиент (на пр. омилена услуга): видливи само за салонот, никогаш јавно, и се бришат заедно со историјата по три години.
  • За салони и сопственици: податоци за салонот, име на фирма, контакт-лице, е-пошта и телефон.
  • Технички податоци: IP-адреса и основни записи (логови) кај хостинг-провајдерите, потребни за безбедност и работа на системот.

3. Зошто и врз која основа

  • За да го пренесеме вашето барање до салонот и да ве известиме за статусот — извршување на договорот (услугата што ја барате).
  • Потсетник пред терминот и известувања на уредот — вашата согласност (е-поштата е незадолжителна; push-известувањата ги вклучувате и исклучувате сами).
  • Безбедност, спречување злоупотреби (на пр. масовно блокирање термини) и збирна статистика за салоните — легитимен интерес.
  • Не продаваме податоци и не ги користиме за реклами на трети страни.

4. Кој ги гледа податоците

  • Салонот кај кого закажувате ги гледа вашето име, телефон, е-пошта и забелешката, за да ја изврши услугата. Салонот е самостоен контролор за тие податоци.
  • Обработувачи што ни помагаат да работи платформата: Supabase (база на податоци и најава), Vercel (хостинг), Resend и Google (испраќање е-пошта), провајдерите на push-известувања на вашиот прелистувач (Google, Apple, Mozilla). Каде податоците се пренесуваат надвор од Македонија, тоа е врз основа на стандардни договорни клаузули или друга законска основа.
  • Картата на профилот на салонот се вчитува од OpenStreetMap, кој ја гледа вашата IP-адреса при прикажување.
  • Надлежни органи — само кога тоа го бара законот.

5. Колку долго

Податоците за термин (име, телефон, е-пошта, забелешка) автоматски се анонимизираат 3 години по терминот; збирната статистика без лични податоци останува. Профилот го чуваме додека не побарате бришење.

6. Колачиња и локално складирање

Користиме само неопходни колачиња: за најава (сесија) и за запомнување на јазикот. Во прелистувачот чуваме и една ознака за сесијата дали сте дошле преку пребарување, за салонот да знае дали клиентот го нашол преку платформата. Не користиме колачиња за рекламирање или следење, па затоа нема банер за согласност.

7. Вашите права

  • Пристап до податоците, исправка, бришење, ограничување на обработката, преносливост и приговор.
  • Повлекување на согласноста во секое време (без влијание на претходната обработка).
  • Барањата праќајте на kontakt@possa.mk; одговараме најдоцна во рок од 30 дена.
  • Приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци: azlp.mk.

8. Безбедност

Пристапот до податоците е ограничен на ниво на база (секој салон ги гледа само своите термини), комуникацијата е шифрирана (HTTPS), а најавата е без лозинка, преку линк на е-пошта.

9. Деца

Платформата не е наменета за лица помлади од 16 години без согласност на родител или старател.

10. Измени

Оваа политика можеме да ја ажурираме; датумот на важење е наведен погоре. За суштински измени ќе известиме на платформата.