possa
Најава

Бришење сметка

Важи од:

1. Бришење преку платформата

Сметката ја бришете сами, без да нè контактирате.

  • Клиенти: најавете се на possa.mk, отворете „Профил“ и во делот „Бришење сметка“ потврдете го бришењето.
  • Салони: најавете се на possa.mk, отворете „Контролна табла“ па „Профил“ и во делот „Бришење сметка“ потврдете го бришењето. Ако салонот има идни потврдени термини, прво откажете ги или почекајте да поминат.
  • Истата сметка важи и во мобилната апликација Possa за салони, па бришењето преку possa.mk ја брише и таму.

2. Што се брише

  • Сметката за најава (е-пошта и лозинка) се брише веднаш и неповратно.
  • Профилот и омилените салони се бришат веднаш.
  • Кај салон: јавниот профил на салонот се симнува од платформата.
  • Push токените на мобилните уреди се бришат, па известувањата престануваат.

3. Што останува привремено

  • Историјата на термини се анонимизира: салонот и натаму ја гледа посетата, но без Вашето име и контакт. Деталите се чуваат најмногу 3 години од терминот, согласно Политиката за приватност.
  • Фактурите и сметководствените записи се чуваат колку што бара законот.

4. Прашања

Ако не можете да се најавите или нешто не оди, пишете ни на kontakt@possa.mk од е-поштата со која е направена сметката. Ќе ја избришеме рачно и ќе Ве известиме.