Possa
Најава

Услови за салони

Важат од:

1. Опфат

Овие услови важат за салоните и мастерите што користат Possa за прием на резервации, заедно со Условите за користење и Политиката за приватност. Со регистрација на салон или со преземање постоечки профил ги прифаќате овие услови.

2. Вашите обврски

  • Гарантирате дека имате право да ја вршите дејноста и дека податоците, цените, работното време и фотографиите што ги објавувате се точни и не повредуваат туѓи права.
  • Навремено ги потврдувате или одбивате барањата и ги почитувате потврдените термини.
  • Преземање на постоечки профил е можно само по проверка дека барателот го претставува салонот.
  • Не ја злоупотребувате платформата и не ја доведувате јавноста во заблуда.

3. Претплата и цени

  • Претплатата е по локација (салон), месечна или годишна: 890 / 790 / 690 / 590 денари месечно, односно 8.990 / 7.900 / 6.900 / 5.900 денари годишно, според бројот на локации на ист сопственик (1 / 2–4 / 5–9 / 10 и повеќе).
  • Founding, пилот и академија профилите не плаќаат претплата во договорениот период, но се бројат во скалата на локации.
  • Нема провизија по термин. Плаќањата меѓу вас и клиентите не минуваат низ Possa.
  • Промена на цените важи од следниот пресметковен период, со известување најмалку 30 дена однапред.

4. Фактурирање и плаќање

  • Плаќањето е по фактура, со банкарски трансфер, однапред за претплатниот период.
  • Истекот на претплатата не го гаси профилот автоматски — прво добивате предупредување во контролната табла и на контактот.

5. Суспензија

Можеме да сокриеме или суспендираме профил при сериозни или повторени поплаки, невистинити информации, злоупотреба на платформата или неплатена претплата по разумен дополнителен рок. Каде што е можно, прво ве контактираме.

6. Податоци на клиентите

За податоците на клиентите добиени преку платформата (име, телефон, е-пошта, забелешка, историја на термини) вие сте самостоен контролор во согласност со Законот за заштита на личните податоци, а Possa е одделен контролор за работата на самата платформа. Податоците ги користите само за извршување на закажаните услуги; не смеете да ги користите за маркетинг без посебна согласност на клиентот, ниту да ги пренесувате на трети лица. Историјата на термини се анонимизира 3 години по терминот.

7. Отказен рок

Можете да престанете да ја користите платформата во секое време, со известување на kontakt@possa.mk. Претплатата важи до крајот на платениот период; за започнат период не се враќаат средства. Профилот се симнува од јавниот дел, а податоците следат по правилата од Политиката за приватност.

8. Завршни одредби

За сè што не е уредено овде важат Условите за користење. Измените на овие услови ги објавуваме на платформата најмалку 30 дена пред да стапат во сила.

Прашања: kontakt@possa.mk.