possa
Најава

Полн календар.
Без повици.

Онлајн закажување, потсетници и статистика за салони за убавина и берберници, на едно место.

Работи на компјутер и на телефон.

Апликацијата Possa за салони, екран со логото
Календарот во апликацијата, ден со закажани термини

Закажи во твојот салон онлајн

Побарај го салонот по име и закажи за минута, без ѕвонење.

Звучи познато?

Телефонот ѕвони додека фарбате.

Клиентите закажуваат сами, 24/7.

Празни термини во вторник наутро.

Гледате кој ден и кој дел од денот Ви е најслаб.

Клиентки што не се враќаат.

Потсетници и листа на клиенти што долго не дошле.

Што добивате

  • Онлајн профил

    Услуги, цени, галерија и работно време, на Ваш линк.

  • Календар

    Сите термини на едно место. Онлајн закажувањата влегуваат автоматски потврдени.

  • Рачен термин

    Телефонските закажувања ги внесувате за секунди.

  • Потсетници

    Е-пошта до клиентот 24 часа пред терминот.

  • СтатистикаPro

    Приход, најслаби денови и од каде доаѓаат клиентите.

  • QR картичка за пулт

    Испечатете ја. Клиентот скенира и закажува сам.

  • Картон за секој клиент

    Историја на термини, белешки и кога последен пат дошла.

  • Акции со попустPro

    Стара и нова цена, одбројување и ограничен број места.

Како се почнува

  1. 1

    Регистрирајте се

    Неколку минути, без картичка.

  2. 2

    Го одобруваме профилот

    Кратка проверка, па внесувате услуги и работно време.

  3. 3

    Клиентите закажуваат

    Онлајн, преку Вашиот линк или QR. Терминот е потврден веднаш.

Цена

Бесплатно до 31 декември 2026. Без картичка и без плаќање.

Без провизија по термин. Клиентите закажуваат бесплатно.

Possa

1.190 ден. месечно

или 10.700 ден. годишно (3 месеци бесплатно)

  • Онлајн профил и закажување 24/7
  • Календар и рачни термини
  • Потсетници до клиентите 24 часа пред термин
  • Основна статистика (денес, 7 и 30 дена)
  • QR картичка за пулт

Possa Pro

Pro

1.490 ден. месечно

или 13.400 ден. годишно (3 месеци бесплатно)

  • Попуст за клиенти
  • Потсетник за следен термин
  • Месечен извештај на е-пошта
  • Напредна статистика и CSV извоз
  • Плус сè од Possa

Кратки прашања

Колку чини?

Бесплатно до 31 декември 2026, без картичка и без плаќање. Потоа Possa е 1.190 ден. месечно, а Possa Pro 1.490 ден. месечно, или годишно 10.700 и 13.400 ден. со 3 месеци бесплатно.

Дали клиентите плаќаат нешто?

Не. Закажувањето е бесплатно за клиентите. Плаќаат само за услугата, во салонот, како и досега.

Што ако клиентот не дојде?

Потсетник по е-пошта оди 24 часа пред терминот, а недоаѓањата ги гледате во картонот на клиентот.

Колку брзо почнувам?

Регистрацијата трае неколку минути. Штом го одобриме профилот, внесувате услуги и работно време и линкот Ви е активен.

Можам ли да ги внесам и термините што ми ги закажуваат по телефон?

Да. Секој термин од телефон или Viber го внесувате рачно, за да имате сè на едно место.

Дали некој друг ги гледа моите клиенти?

Не. Листата на клиенти и нивните податоци ги гледате само Вие.

Дали Possa е и за берберници?

Да. Изберете „Берберница“ при регистрација: добивате готови берберски услуги (само им ставате цена и траење), копче „Влезе сега“ за клиенти без термин и потсетник за следно шишање.

Пишете ни за кратка демонстрација во Вашиот салон.

kontakt@possa.mk
Регистрирајте салон