Possa
Најава

Како функционира

Три чекори од „ми треба фризер“ до потврден термин.

  1. 1

    Пронајдете

    Филтрирајте по услуга, населба, цена и оценка.

  2. 2

    Изберете термин

    Видете кога салонот е слободен и изберете што ви одговара.

  3. 3

    Дојдете

    Салонот го потврдува терминот. Плаќате на лице место.

Често поставувани прашања

Дали е бесплатно?
Да. Закажувањето преку Possa не чини ништо. Услугата ја плаќате во салонот, по нивниот ценовник.
Морам ли да отворам профил?
Не. Доволни се име и телефонски број. Профил ви користи само ако сакате да ги следите термините на едно место.
Кога знам дека терминот е потврден?
Салонот го потврдува барањето. Додека трае потврдата терминот е резервиран за вас и никој друг не може да го земе.
Како да откажам?
Преку „Мои термини“, најдоцна 3 часа пред терминот. Подоцна — јавете се директно во салонот.
Дали рецензиите се вистински?
Да. Рецензија може да остави само клиент со завршен термин закажан преку платформата.